современ (прид.) - контекст (имн.)

Средбата меѓу двете жени на глумицата ѝ го менува сфаќањето за себе, за својот идентитет како жена, за историјата и политиката на нејзините односи со мажите и најпосле ѝ го менува толкувањето на драматичната улога, иако е тешко да се тврди дали тоа го прави на подобро или на полошо.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Филмот е решителен обид да се возобнови трагичниот начин на чувствување, да се оживее вистинскиот дух на трагедијата во еден современ контекст така што ќе се црпи од антички извор, та да се открие дали е возможно да постои нешто како феминистичка трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Додека во светот на Андриќ и на Селимовиќ е доминантно настојувањето да се даде, меѓу другото, една можна слика на историјата, на епохите, на конкретниот простор (Андриќ), или под маската на историскиот настан, вечните теми на судир на поединецот, на општеството, на политиката и етиката, парадигматично да се вклучат во современиот контекст (Селимовиќ), Башевски ги поврзува историјата и современото, ставајќи ги двата поима под сомнение како конечно неспознатливи во својата интеракција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Резултатот е современа феминистичка (или можеби контрафеминистичка) верзија на Еврипидовата прочуена трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)