собран (прид.) - куп (имн.)

А пампурот сал рикаше и рикаше, а ние собрани куп, се тресеме, плачеме и си велиме - е сега ни дојде крајот, тука каде ништо не се гледа ќе нѐ фрлат во морето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вратата се разгрна полека, но наместо да се појави остар јатаган, се појави една сејменска глава; се опули во собраниот куп и се насмеа. – Се собрале како пилиња под квачка – проговори и ја отвори едната пола на вратата. Му се поклони длабоко на тој што беше зад него. Му направи темане: – Бујрум, кади баба. Тука се како лисичиња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)