снежен (прид.) - потоп (имн.)

Вклештени во снежниот потоп, злото ги натера мачињата да цицаат на кучка, кучињата на мачка; а многу диви животни што зимата најдоа засолниште по плевните - се спитомија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тој снежен потоп луѓето најмногу се плашеа од смртта и се плашеа да не им се затрупаат и оџаците со снег па да се задушат, да не може чадот да излегува, да не може воздухот да влезе; кога ќе им се вдадеше, ќе подизлезеа надвор и ќе го исчистеа снегот што ги затвораше прозорците за да влезе во куќата светлина и воздух.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Фатија да пијат и луѓето што никогаш не пиеле, та кога започна снегот да се топи го газеа и му викаа: „Аха, бегаш, бегаш, мајчето твое!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чистејќи го снегот, луѓето личеа на кртови кои ријат а не се гледаат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)