снежен (прид.) - покривка (имн.)

Но, тие искуства без сомнение се значајни за неговата уметност и живот, се поставија помеѓу него и целосниот физички и ментален крах, клиничка депресија од која навистина страдал извесно време во првата деценија после војната. (Овој крах за него бил, како што признал, вистински - емоционален - крај на војната.) Бојсовата преоку­пираност со топлината и присноста со цел на обновување на телото и духот, со конкретно доживување на “материјалот што дава живот”, датира од времето кога го негувале Татарите и кои ги сметал за своја фамилија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога после војната Бојс се врати во Клеве беше одликуван со орден со златна лента која се доделувала на ранети, поради тешките рани што ги добил за време на борбите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја почувствува и топлината на Татарите кои го спасиле кога неговиот авион 1943. година бил соборен над Крим кој бил под снежна покривка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите што се сведоци на убавата бела и дебела снежна покривка на градот, сакаат таа да потрае подолго време оти не само што го остава градот мирен и тивок, туку и чист.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така таа зима имавме изобилство од бела блескавина оросена со златен прав, но топлината на сонцето до закоравено подмрзнатата дебела снежна покривка не успеваше да се фати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Под таа дебела снежна покривка и поточето веќе не постоеше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Топлиот дожд што непрекинато паѓаше, некогаш силен, некогаш само како росичка, постојано и сигурно ја смалуваше дебелината на снежната покривка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Надвор е веќе Одеса, целата нагазена со снежна покривка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговите песни се читаа на турски и, за жал, нивниот превод на француски јазик беше тешко читлив на екранот; но глетките на Босфор, на Златниот Роg, и на градот, понекогаш под снежна покривка, кои го придружуваа читањето на стиховите, беа чудесни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Снежната покривка бела - почиста не можеш да замислиш.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Средствата за информирање ударно соопштуваа за снежни навеви, отежнати премини - Ѓавато, Пресека, Стража, Крушево, Маврово, Попова Шапка... а воедно дека зимско-рекреативните центри со снежна покривка ќе ги пречекаат гостите... снег падна и во охридско=струшкиот регион но не се задржа. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Надвор сѐ беше бело, покриено со дебела снежна покривка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Седна крај прозорецот, го зеде моливчето и ја напиша оваа песничка за топлата снежна покривка: Од небото зимско цел ден само снежи, под покривка бела родно поле лежи.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)