смртен (прид.) - постела (имн.)

И татко му, прекрасниот вљубеник во Платона, избезумено пред смртната постела му шепотеше, чешајќи се по косата како да истребува вошки: „Ги гледаш ли портокаливе. Мајка ти ги донесе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тогаш пак ги превртев гениталиите во дланката овде на смртната постела додека свеската, сѐ уште со раката на мојата нога над коленото, чека да може да ја шмугне својата топла дланка нагоре каде што јас ја чекам со гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не знам дека нешто сум видел, ама знам дека жена ми е таа што се овлажни во мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа има легнато во мојата смртна постела само и само да ме нервира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Со тоа што во мојата смртна постела се вртам со грб кон нив, им давам на знаење дека сеансата е завршена, дека треба да си одат да ме остават да си ги вршам работите.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чекај, си велам, да се вратам до мојата смртна постела на која сум умрен и да погледнам дали на мршата ми се забележува дека сум свршил.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не морам на тоа да мислам сега додека имам сексуален однос со жената, но каде најде тоа да се подметне сега додека јас на умирање лежам во својата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тамам зачекорив кон својата смртна постела, кога, одеднаш се сетив.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И таму еден човек. Еден во вратот како бик, со едни ножишта како клади, зараснат во катран црна брада, се излежува во мојот мртовечки сандак што не бил сандак туку бил мојата смртна постела.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Најмногу ми е незгодно од стравот дека можеби сите оние што бдеат над мојата смртна постела виделе како се празнам. Боже! Каков срам!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Предавањето го држам седнат тука на овој кревет кој ми е смртна постела. Час седнат, час лежејќи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Лари ме погледна со насолзени очи, како човек што на смртна постела пронашол трошка утеха.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Лежеше на смртна постела Ефрем Ефремов и вака им зборуваше на пријателите: „Се наведнав да се напијам вода од кладенецот, близу до лозјето мое.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка ми велеше, Тој ќе мисли на некоја жена и кога ќе легне на смртна постела. Затоа таа му се враќала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Умира таа, Снежана, на темна смртна постела.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тажна сум, го постигна тоа, до кај ќе терам вака принцезата во смртна постела ја сакаш!
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И таа умираше во делови, како и тој самиот, со телото и душата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, мојот дамнешен пријател ми остана последната жива врска со Арафат, да ми сведочи за него, за нивното политичко разидување, сѐ до времето кога го изнесоа на смртната постела од бетонскиот кафез-резиденција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)