смртен (прид.) - опасност (имн.)

Само човекот убива човек. – Кога е човек ранет, тој е готов за носила, но кога е ранет лавот, тогаш тој напаѓа со сите сили – дополни татко ми. – Зошто е така? – праша Чанга. – Човек кога е во смртна опасност, помислува на бога!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Особено педантно тоа го правеле тие што биле најмногу засегнати од атентатите, како што биле францускиот генерален конзул и грчкиот генерален конзул, кој во секоја револуционерна акција во Македонија гледала смртна опасност за грчките “интереси“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не бев постар од пет години, но и денес се сеќавам како тогаш тој малечок човек се советува себе си додека се наоѓаше во смртна опасност дека ако успее да застане на нозе и ако продолжи да оди напред сигурно многу брзо ќе излезе на другиот брег на ѓолот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)