смирен (прид.) - тон (имн.)

Ниротакис повеќе се интересираше за врската со Бенедито Лучијани од другата страна на морето, во Италија, во Бари, на што Авни му врати со смирен тон: „Не се оптоварувај со непотребности,” лакомо полнејќи си ги дланките со газот на Дора, триесетгодишна жена од Плевен, која со крената сукња му седеше во скутот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да не беа козите... – Разбирам, разбирам... – го прекина со смирен тон градоначалникот. – Вие никогаш не ќе разберете што претставуваа козите за нас... ќе ги видите нивните добрини и во градов! – ја доврши мислата Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме пречекува љубезна насмевка на човек на свои педесетина години, облечен во беспрекорно испеглана бела кошула и кравата со смирени тонови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Брзо го повлекуваше чадот. – Но не заврши на тоа – продолжи Мајка со истиот смирен тон. – Го симнавме знамето од чатијата на куќата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа ме потсети на едно попладне кога во “Луна”, спуштајќи го бавно филџанот со кафе на масата и гледајќи ја в очи, изустив нешто меѓу прашање и констатација („Ти, можеби, се виде со началникот пред да дојдеш овде?!”) а таа го стемни челото на кое за миг бликна пот и рече “Круме е човек за разлика од тие околу него”, најверојатно за да го одбегне одговорот во што ме увери играта на нејзините ситни прстиња на мојата подлактица легната на масата како клавијатура на која се бараа смирени тонови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)