сложен (прид.) - операција (имн.)

Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како ги изведуваат овие сложени операции? (Со помош на крила, ако беа анѓели, или со подли трикови, ако беа деца на демонот)?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И денес на овој фронт нашите градежници од „Бетон“ изведуваат сложени операции во изградба на Топланата и сиот транспортен систем на топловод.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)