словенски (прид.) - црковен (прид.)

Слепи боже, слепи клекни, слепи бесмертни, по меј вас — почна поп Илија да се бие шега со словенските црковни песни и молитви, на кое поп Пројче уште поиронично му го издекламира грчкиот оче наш, притурајќи на секој стих по една измислена дотуреница: — Патер има он — пајка со лимон . . .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Станува збор за теророт на грчката реакција врз македонското население, а причината за тоа била што Македонија "за повеќето Американци... е позната само како стара земја на Александар Велики", или по "македонските браќа мисионери, Кирил и Методиј, кои го раширија словенскиот црковен јазик".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Современото поимање на Македонија во американската јавност, како што истакнува Георги Пирински "не е само магловито туку обично и неправилно, што се однесува до борбата на Македонците за национална независност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)