словенски (прид.) - организација (имн.)

По конгресот во Москва, на 19 октомври 1941, во Детроит, од претставници на словенските организации бил формиран Словенски комитет, со задача да пристапи кон свикување општ словенски конгрес.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во раководството на Словенскиот конгрес влегле д-р Осовски, како претседател, и Георги Пирински, како секретар.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Резултат од таа засилена активност на иселеничките словенски организации и друштва бил одржаниот банкет во Детроит на 7 декември 1941 во присуство на 1.600 претставници на Американските Словени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Присуството на банкетот на претставниците на сите словенски организации, за првпат од нивното доселување во Америка и со една единствена цел, да најдат заеднички јазик за да им помогнат на своите словенски браќа во татковината кои се бореле против фашистичките агресори, имало огромно значење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)