слободен (прид.) - говор (имн.)

Докторот Мев, облизнувајќи ги со живиот, румен јазик остатоците од шлагот, ми дофрла дека кутриот господин Тест сѐ уште лежи на одделението за интезивна нега: - Ха, ха, ха ...се отрул од апстракции на последната дебата за слободниот говор!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Според Врховниот Суд на САД (Лојд корп против Танер, 1972), правото на слободен говор се протега само на активности на јавна а не приватна сопственост.88 Затоа, постојаниот притисок да се ограничи/намали јавниот простор воден од барањата за безбедност и комерцијалните интереси има крајно сериозни политички импликации, бидејќи директно ги поткопува можностите за слобода на говорот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како арена на политичка дебата и учество, јавната сфера е фундаментална за демократското владеење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Дури и Мичиген ривју, кој се впушти во онолку беспоштедна борба, се залагаше за моето „право на слободен говор, без разлика колку е, всушност, одвратен и аморален“.35
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)