слободен (прид.) - време (имн.)

Притоа, болежлив и сѐ уште до крај нездушен со луѓето, постојано се мавташе низ бостаните, низ житјата и покрај лозјата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Целта да се добијат позитивни податоци од сите оддели на науката, не само за нас лично, а како народни членови, ќе треба да го натера секого од нас да ги посвети своите сили, сето свое слободно време за изучување на сите тие науки што се најнужни за нашиот народ и што бараат најмногу работа, зашто за полесните секојпат ќе се најдат доста доброволци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто, ако слободното време и сигурноста беа уживани од сите подеднакво, големата маса човечки суштества, кои обично заглупавуваат од сиромаштија, ќе се описменеа и ќе научеа сами да мислат; и кога еднаш ќе го стореа тоа, порано или подоцна тие ќе сфатеа дека привилегираното малцинство нема никаква функција и ќе го отстранеа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се работи повеќе за индустриски, тешки машини, кои се (беа) објекти на насилство за време на штрајкови и кои, на крајот од едноличната „работа”, налутено ги исклучуваш, ги туркаш од себе и се трудиш веднаш да ги заборавиш; твоето слободно време започнува на другата страна од нивниот работен делокруг.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Богдан Русимиров беше висок професионалец во службата за прибирање, селектирање и обработка на аудиовизуелен материјал, но во слободното време работеше како приватен детектив и тоа му обезбедуваше добра заработувачка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сето тоа, очигледно, е заслуга на самиот Едо кому суредувањето на куќата му го пополнува слободното време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега му останува во слободното време да се одмара од државничките напори.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пронаоѓајќи ја интелектуалната алатка наречена а бе ај да ги сврзиме празниците, слободното време го прогласивме за наша филозофија на живот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ние, бившите Југословени ја измисливме социологијата на слободното време.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Слободното време му беше резервирано за џамлии на мор, тапка, народна, петкамца, џамлија и други спортови.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Фала му на бога, во последно време работата му го ангажира и слободното време, така што главоболките не се јавуваат како порано.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Откритието ми наликуваше на оние ситни зраци што наеднаш се јавуваат покрај нас во собата користејќи некоја мала цепутка на завесата или на ролетните и тоа со единствена цел да нѐ упатат кон загубената ситница по која со часови трагаме; а замислете си само со колку слободно време располагав секое утро, во миговите на најголемата бистрина на умот, додека чекав во бурекџилницата (топлите симиди мораше да се чекаат ако навистина ги посакувавте топли) а Катерина, реков веќе, потскокнуваше од задоволство кога ќе утврдеше дека се онакви какви што ги посакуваше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само забележуваше дека во слободното време, додека се моткаше во неговото ателје, се плетка во работата на неговите помошници, кои беа постари од него за цел образован степен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Јас за возврат за убавото јадење, во слободното време ѝ везев додека таа си играше пет камења, царица или клисар.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во слободното време снимив неколку десетици илјади зборови, одговори на својот глас сврзан со телефонот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)