сличен (прид.) - положба (имн.)

Дали ви се случило понекогаш и вие да се најдете во слична положба? - го прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Треба да се забележи дека во иста и слична положба се нашла цела Македонија кон крајот на XIX и почетокот на XX век.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Премногу се замислија самите себеси во слична положба за да можат да не си замерат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
-Да се впуштите во некој вид игра што вие лично ќе ја измислите за да решите некој ваш проблем?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)