сличен (прид.) - начин (имн.)

Во овој поглед, обете гледишта се всушност едно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На сличен начин, нашите замисли за исправното и погрешното сфаќање на правилото, и коригирањето на второво, исто така ја претпоставува достапноста, всушност и неопходноста од јавни проверки. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 61
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што одбележавме и порано, изгледа дека Витгенштајн на интенционализмот му го припишува заклучокот дека разбирањето на правилото во некоја смисла би морало да биде инфинитарно по карактер, така што сите можни апликации на правилото на некој начин се присутни кај оној кој го следи правилото кога ги сфаќа неговите барања; и ова е она што Витгенштајн го наведува на платонистичка интерпретација на гледиштето, бидејќи тој сугерира дека некој го сознава правилото на сличен начин како што и шините бесконечно продолжуваат во иднината, па според тоа се однапред и независно фиксирани.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Морисеј, на пр., на сличен начин, снимајќи го Далесандро зад грб, ја крие скандалозната содржина иако го има во кадарот (Flesh, Heat).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Напротив, самата идеја на „интернализирање” на едно правило го претпоставува неговото преземање од извесен тренинг, или, во секој случај, од набqудувањето на она што се случува во јавната сфера.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Науката и новата рационалност се подразбрани како нештата што ќе го уништат страдањето и што ќе донесат повеќе среќа и удобност дури и за оние кои инаку не би можеле да ги уживаат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова христијанска интуиција на сличен начин се појавува и во солидното потекло на идеалот за политичка еднаквост и политичка слобода, т.е. држава во која нема да има привилегирани и непривилегирани, занемарени и претпочитани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Деконструирањето на хиерархиските дихотомии, каде што еден термин е традиционално претпочитан во однос на другиот,12 може да нѐ потсети на една од погоре споменатите народни приказни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На сличен начин се регулира и статусот на невработено лице кое има над 15 години работен стаж на осигурување, а притоа прима паричен надоместок до своето вработување или до настапување на некои од основите за престанување на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Зошто да не можам и јас да размислувам за смртта на сличен начин?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар ќе можат да го доживеат на сличен начин како и јас оној момент кога мајка ми одредуваше каде ќе треба да копам со истион показалец што го користеше одвреме навреме за да ми го сврти вниманието кон птицата што ја прелетува нашата куќа; или, во други случаи, за да ме предупреди дека некој непознат или некоја од нашите сосетки од зад Долни Рид наближува по каменливата патека?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За моите детски очи тоа заминување на мојот стрико рака под рака со смртта колку и да беше завиткано во тајновитост, во тажна и жална тајновитост, претставуваше и еден вид помирување на животот со смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа имаше слушнато дека мајките-птици ги напуштаат своите гнезда ако на своите младенчиња го почувствуваат мирисот на човекот, па затоа се плашеше да го допре лубеничето за да не биде, на сличен начин, напуштено од мајката-ползавец.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оригиналната верзија на „полицата“ е загубена или размонтирана кратко време по нејзиното создавање во 1945 год.; на изложбата беше презентирана со една копија која Линде ја направи за Moderna Muset.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На сличен начин, во следната просторија од изложбата, познатото „Велосипедско тркало“ (1913 ) на Дишан, кое како и „Полицата за шишиња“ исчезна по кратко време од своето настанување, беше претставено со реплика на Линде, направена во 1961 год.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А извесни културни облици, како бродвејските мјузикли или холивудските мелодрами, на сличен начин се вдахнуваат со посебни сила и значење, кои привлекуваат несразмерен број машки геј- обожаватели.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А и, воопшто, подозрив сум да не ги заменам описите со толкувања, конкретните предмети и практики со „опсенарски свет на ‘значења’“, да не би одбил така да ги согледам појавите онакви какви што се по себе, со сета нивна особеност, и да не го пренебрегнувам она што треба да се набљудува.113 Второ, кога психоаналитичките мислители го изнесуваат своето тврдење дека желбата го надминува идентитетот, главната цел, или главниот исход, е да се дестабилизира хетеросексуалниот идентитет, хетеросексуалноста да се ослободи од идентитетот – постапка чиј краен ефект не е да се поткопа, туку да се промовира и да се универзализира хетеросексуалноста.114 (Некои квир-теоретичари на сличен начин се повикуваат на психоанализата за да фрлат сомнеж врз стварноста на геј-сексуалната ориентација: исходот, меѓутоа, не е пресвртување на хетеросексистичкиот ефект, туку негово продлабочување.) Решавам да појдам по друг пат и да ги драматизирам границите на машкиот геј-идентитет така што ќе се занимавам со културните практики и животните искуства на самите геј-субјекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Психолозите и психоаналитичарите немаат да додадат ништо помудро на оваа тема од кој било друг, па затоа и теориите за третиот пол наеднаш се одново популарни: ако хомосексуалноста и хетеросексуалноста, всушност, ни се програмирани во телата, тогаш веќе нема што да откриваме од каде ни се ниту, пак, има што да изнаоѓаме левтерни објаснувања зошто некои поединци излегуваат стрејт, а други испаѓаат геј.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Целта не беше да се објасни логиката што е во основата на секоја машка геј-културна практика со сета нејзина особеност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Згодно би било подробно да се знае како работи тој систем и како масовно ги произведува и ги распределува тие релативно нови марки на сексуалниот субјективитет – но, додека не дознаеме, бесцелно е да се шпекулира за процесот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Когнитивната наука, која исто така ги сместува причините за сексуалниот идентитет во нашите мозоци, а не во нашите општества, е привлечна на сличен начин бидејќи нуди физиолошки одговори на комплицираните општествени прашања. ‌Не се обидов да објаснам како некои машки геј-субјекти стануваат геј, туку се обидов да објаснам како геј-субјектите (или некои стрејт-субјекти) може постепено да се здобијат со геј-култура, во смисла на поврзување со културни предмети и облици – со бродвејски мјузикли, со стари куќи, со мелодрамата, со Џоан Крафорд, со изведбените уметности или со естетското совршенство, меѓу другото – на особени начини што им ги имплицираат и сексуалниот субјективитет и родовата ориентација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ви префрлуваат дека жанрот на филозофска аргументација го мешате со литература. Вие на сличен начин ги анализирате филозофските, литературните или поетски текстови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нејзината судбина ќе биде инаква од судбината на Невена: додека онаа чека со спремната невестинска руба, Кијмет смело ќе ја прифати ниезвесноста, и сите ќе бидат среќни поради тоа, сосе Исус и Богородица кои, со блага насмевка, ќе ја благословат рожбата на Кијмет, на сличен начин на кој Господ ќе го благослови отфрленото срце на Среќниот принц.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
(...) На сличен начин дневните рутини на одредена институција, заедно со она што претставува нејзина официјална регулатива, формираат нешто како “организациска меморија”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Освен тоа множеството правила на овој модел би можеле да ни понудат и систематска процедура за претскажување на она што би се случило доколку се обидеме на сличен начин да комбинираме некоја друга двојка од гасови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На сличен начин компјутерот би можел да го симулира секој физички процес иако програмерот буквално би требало да чека, од сега па сѐ до вечноста, за да ги добие резултатите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Владе се бори со историјата, а јас, на сличен начин, со мојот изминат живот со Борко.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во повеќето општества на земјата постојат методи, со коишто луѓето го сфаќаат животот низ радикално поинакви реалности, поинаку го сфаќаат времето, низ ритуали и слични начини.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Телото е растргнато и На сличен начин, телевизијата првенствено дезорганизирано. била замислена како некаков тип телескоп, а не за емитување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На сличен начин, нашето животинско тело почнува да станува загадено.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Марија трепереше... Очекуваше на сличен начин тој да резонира во врска со детето...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се обиде, на сличен начин како лекарот, да си ги објаснува работите...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На сличен начин, се селат во разни страни од светот, и посебно народите на Балканскиот полуостров.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А потоа се обиде и да ја образложи својата заборавност: - Веројатно и ти ќе се однесуваше на сличен начин ако ја имаше за доброутро онаа глетка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И на службеното лице му се обрати на сличен начин како и на вратарот,(случајно да не подранил?) но сепак, успеа да додаде и нешто како: времето е умот на животот а ние, за несреќа, често заскитуваме.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Гледајќи го како си заминува помислив дека животот исчезнува на сличен начин како и сликите од нашите соништа“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Катерина кон пладне ме извести дека не треба да ја чекам. Ќе се вратела дури вечерта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто и нејзиниот Благоја да не постапил на сличен начин?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Барем во тие денови верував дека на сличен начин се изневеруваме себеси кога ја прикриваме вистината но и тогаш кога невистината ја прогласуваме за вистина само затоа зашто тоа го бараат од нас.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На сличен начин од камен до камен доскокнував и јас преку истенчените летни води на далечната Брегалница за да втасам до другиот брег, но секогаш ќе стрефев барем еден нестабилен камен што ќе ме спростреше во водата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од сојот на кучките - ме префтаса помеѓу гробовите гласот на Катерина. - Што наоѓаат кај неа мажите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па каква е тогаш таа стомашна болест ако не е гладот, или можеби нешто слично?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо ти од Новодеревјановское умрел од стомав; братот на дед Павел умрел од истата болест, и уште незнам за колку други јавуваа дека умреле на сличен начин.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На сличен начин се забораваат разликите и помеѓу себеси и другиот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Можеби најнеобичната работа во врска со Поп уметниците е таа што тие работеа на сличен начин и пред да се сретнат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На сличен начин, преведувањето може да се посматра како еден оживувачки оператор на diffѐrance, како еден нужен процес кој го искривува изворното значење додека истовремено открива една мрежа од текстови кои и ја овозможуват и ја спречуваат меѓујазичната комуникација.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Аристотел на сличен начин ја дефинира метафората.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)