слеп (прид.) - човек (имн.)

Само преку подоцнежното спознавање на големината на своите грешки, слепиот човекот прогледува, и само така може да биде подобар, па така и поблизок до Бога.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги нашле, како кажуваше, Ибраим Ибраим, в зори или подоцна, по една спогодба на завојуваните за кус мир за кое време ќе се соберат мртвите и ранетите; подоцна, по некоја година, еден човек без нога, ќе се потпира на патерици и на слеп човек, катадневно да седат обајцата во чајџилницата на некој Тефик Рамо, човек со задув и срдечен кон секој кој што, дури и првпат, дошол кај него на чај или кафе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од болка и тага што животот ќе го врви со слеп човек, започнала со омраза да гледа на сè околу себе; секој ѝ бил виновен и ѝ пречел, кон секого го истурала својот јад и лутина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога тој виде дека има работа со еден слеп човек, се увери дека сум крајно безопасен сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
— Сега знаеме како му е на слеп човек. — И на сакат...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да го прочитам, а не знам писмо. Слеп човек, за никаде не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)