слаб (прид.) - рака (имн.)

Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Држејќи го сè уште списокот во слабите раце, Никола си припомни и за она страшно време кога фашистичкиот окупатор ги прогонуваше мирните српски фамилии од гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некој тропаше одвај чујно, со слаби раце, со последни сили.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште на другиот ден Крчо ги навираше своите слаби раце во големите нови машки калци, на кои Нешка навезе и две букви: Н.К. за да се потсетува Крсте од кого се и да му ја потврди својата желба дека така сака да се вика Неда Крстева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
5 Се изненадиле, доколку душевното мртвило им овозможувало да примаат со преморените сетила впечатоци привидно далеку понезначајни од последните кршења на двоколките, едната на оној Герасим од Побожјане што еднаш ја боледувал таа мака, втората на сипаничавиот Јован Стојче-Столетников: доаѓала сама, нема, намалена, се пробивала низ густо распослана невидлива пајажина што повеќе заплашува со својата лепливост отколку што претставува пречка, чудно мавтала со слаби раце пред лицето, брзала кон нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)