слаб (прид.) - пламенче (имн.)

Се стемнува. Во тесна рамка на некој прозорец игра слабо пламенче.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пламнува слабо пламенче, ама набргу згаснува... - У-у-у...у-у-у... утката не замолкнува...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Очите не го испуштаа живеењето на ова слабо пламенче што плаховито се виткаше, се смалуваше и наеднаш подрипнуваше како да се покајало за својата минутна слабост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)