слаб (прид.) - око (имн.)

А во задните редови јас ништо не гледам, од причина на слабите очи. Се извинувам, вели, што ве потсетив.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сето негово постоење сега е само она што го гледаат слабите очи и допираат треперливите раце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Овде ќерката не пресмета, а другите места се поскапи, отколку што мислевме.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Верата за разумот е исто што и леќата во скрипториумот за слабите очи на Пелазгиј Асикрит: со помош на леќата отец Пелазгиј ги гледаше оние слова дробни што му беа и сосема невидливи, од невидливото правеше видливо, на непостоечкото му даваше форма и значење, но никогаш не разбра дека таква леќа не само за очите, туку и за душата е нужна, и дека таа леќа верба во Господа се вика!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)