слаб (прид.) - нога (имн.)

Тешко е, мачно, страшно е В твоата земја таткова дека за прв пат солнцето со радост те огреало, дека за прв пат ваздувот со мирис благ те запоил, дека за прв пат земјата со слаба нога нејака си ја згазил и проодил – да тлееш и да гаснееш, како на црна туѓина, и да те враг, нов сајбиа, земјата што ја заграбил, напреки гледа секога.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Како пијан човек, со матен поглед, со слаби нозе, со тресливи раце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поради слабите нозе, момчето често ја задеваше со недоделкани коментари.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Погледот му застана на кратките црни панталончиња на Александра што продолжуваа во добро оформени долги слаби нозе.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)