скршен (прид.) - огледало (имн.)

И пак се расприкажав, а времето беше стигнато за џелат и судија; дојдоа тие, ја треснаа вратата на одајата и во следниот миг застанаа како од ровја трештени: пред нивните нозе, пред моето легло, стоеше составено скршеното огледало, со скаменетата последна слика во него, со ликата на прекрасната, преубавата ќерка на царот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Најдов дебела гранка и напишав на неа „најубаво јадење за крокодили“.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Се избриков на едно џамче од скршено огледало. И целото солупено беше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На алките на неговите уши заѕвечеа многуте клучови на државната каса, во која чуваа шарени стакла, скршени огледалца, празни конзервени кутии и еден скршен молив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Скршеното огледало не носи седум години несреќа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
По кратка расправија за суеверието, решив да ѝ покажам на дело дека е глупаво да се верува во несреќа предизвикана од скршено огледало.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)