скромен (прид.) - човек (имн.)

Она што ја привлекло неа е тоа што тој бил еден од редките млади луѓе во тоа време што се школувале во големите градови и бил многу едноставен, скромен човек и приатен соговорник.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Точно пред година дена, се сеќава Мертен, во центарлната команда самиот Фирер ги собра првите луѓе на рајхот и иднината на грчките Евреи беше определена, особено судбината на големата еврејска заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И кога купуваше штоф за одело секогаш говореше, божем се шегува „за четири сезони“.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Татко ѝ беше скромен човек, крпач на чевли, кој од својата работа едвај излегуваше накрај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Пази Боже! Павле е обичен, скромен човек. Учител. Бубачка. Тих, незабележлив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кому може да му користи тоа што двајца агенти на Гестапо во централната зградата на еврејската општина го влечат до тоалетот, заменикот на главниот рабин Хаим Хабиб, оној сериозен и скромен човек, кој да не беше Евреин, ќе беше уште и симпатичен – и како тоа да не е доволно, го исмејуваат и над Тората го тераат да одговара на нивните потсмешливи прашања за законот „заб за заб, око за око”, додека еден офицер на улица запрел некаков рабин, го однесол дома и му ја избричил половината од брадата и така го пуштил да излезе на улицата...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)