скриен (прид.) - зад (предл.)

- Еј, млекаџи, млекаџи -викна од зад портата една була. Трајче се доближи до портата, булата, скриена зад портата го покажа тенџерето, со парите внатре, и рече: - Вер бир кило!*
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но Толе по својот обичај само нареди побргу да се готви јадењето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Станот го изнајдоа најпосле на самиот крај на градот, накај Јуч-бунар, во куќарчето на нивниот земјак, дедо Иван Костов, скриено зад дрвјата во доволно широк двор ограден со тараба.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знам какво слово му изглаголи на логотетот, оти видов, а видов оти бев таму, скриен зад вратата од одајата на логотетот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)