скопски (прид.) - улица (имн.)

Тоа е дијалект што све мање се збори, полека изумира и го снемува од скопските улици.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Во тој правец се упатив уште во текот на 80-тите кога создавав колажи и асамблажи од предмети пронајдени по скопските улици, тавани, подруми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Второ: Посебна порака испраќаме до сообраќајните органи, да не дозволуваат и натаму по скопските улици да се движат неисправни моторни возила, кои во сегашни услови се најголеми загадувачи со олово и јаглен моноксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Кутричок Лев, си умре како стар ерген, со разбуричкани бели коси ала Ајнштајн и долго платнено палто, кое се вееше лево-десно, кога талкаше по скопските улици.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го бојадиса „бубето“ во портокалово и сега весело го вози по скопските улици.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)