склон (прид.) - кон (предл.)

Кога еден лекар, пријател на татко му, дозна за тоа, му рече на татко му: „Детето ти е клептоман, склоно кон крадење.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Од друга страна, знаеме дека маниризмот е склон кон „отворените“ политички системи, а класицизмот кон „затворените“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓу другото, со помош на бакрорезот и тнр. „орнаментална гравура“; онаа гравура од 16 и 17-иот век за нас е двојно интересна: во неа орнаменталната гротеска што ја сретнувавме во гнилите форми на Ангелската тврдина, се продолжува на еден екстремен, речиси откачен начин, а тие концепти за орнаменти и книгите за нив поттикнаа и многумина современи уметници да создадат нови „ирегуларни“ форми. okno.mk 227
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога Бретон вели дека најчист надреалистички акт е да се истрча со револвер на улица и да се пука во сите правци без било каква селективност, тој пред сѐ мисли на убивање на репресивната стварност искреирана од силите на конзервативизмот, на убивање на прагматичната буржуаска ситно-еснафска профитоцентрична култура, на империјалистичкиот и склон кон идолатрија капитал-систем, на лажната хуманистичност, на биготната и лицемерна религиозност, на формализираната безсодржинска уметност итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)