скап (прид.) - автомобил (имн.)

Гледано од страна ги имаа сите предуслови да бидат среќни: едната од нив внесена во муабетот почна несвесно да мафта со клуч од скап автомобил, со клима, воздушни перничиња и централна брава.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Рече дека има убава жена, скап автомобил, а наскоро и убава куќа, и затоа сите му завидуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)