ситен (прид.) - жена (имн.)

Една ситна жена, со коса со боја на песок, која работеше во соседната полукабина до Винстон, седеше меѓу нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицето на ситната жена со песочна коса беше добило јасно црвена боја, а нејзината уста се отвораше и се затвораше како уста на риба на суво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеше дека во преградата веднаш до него, ситната жена со пепелава коса, работи на просто пронаоѓање и бришење од печатот на имињата на луѓето што беа испарени и за кои, според тоа, се сметаше дека никогаш не постоеле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ситната жена со песочна коса испушти писок од измешан страв и одбивност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ситната жена со песочна коса се беше наведнала напред преку задниот дел од столот пред неа. Таа ги подаваше рацете кон екранот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колку што ме држи сеќавањето, баба ми беше ниска и ситна жена какви што беа и моите тетки (сестрите на татко ми) Јордана, Стефана, Цвета и Велика, а тета Стојна беше крупна и стројна, на дедо ми Доне.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Вангел Русјаков се качил на втората плоча со својата ситна женичка и купот деца, додека Родна не успеала да го наговори нејзиниот Петре и тие да одат горе и да си шарнат една или две одаи со бела вар како Геле Колишев и Вангел Русјаков.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Вангел Русјаков, без да ја поткрене главата проломотува Браво за Дине, ем две жени, ем куп деца, ем сам под капата на Господ! се подзавртува и својата ситна женичка како да ја напикува во својата пазува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Перса го забележа восхитот кај малечката и ситна женичка па побрза да ја превтаса Пелагија јавувајќи се со глас во кој секој можеше да насети радост Ние трите бевме на утринска литургија во Света Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)