силен (прид.) - чувство (имн.)

Во писоарите ги копирав фолклористичките цртежи, тие ми изгледаат како најнепосреден израз и најкус превод на силните чувства.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некакво силно чувство, не толку страв колку еден вид неодредена вознемиреност, пламна во него и повторно згасна. Престана да мисли на војната.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сончевиот зрак на неговото лице и мазното тело на девојката што го допираше неговото, му создадоа силно чувство на сонливост и доверба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чувствувам убаво, слободно и достоинствено и се додека сум среќна ништо друго не е важно.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Неизмерна е радоста, сите сме способни за нови силни чувства, човекот е борец, витез и наследник на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие не ме сакаат мене, го сакаат силното чувство што го имам за тебе.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Само за миг да одморам... од силните чувства на нагон, што во мене ги убива беснилото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Беше силно чувството дека еден ден, по воден пат, ќе им се придружиме на дамна заминатите и сите заедно ќе го бараме патот на враќањето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)