силен (прид.) - радост (имн.)

Од силна радост брчките на лицетои беа напнати.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кога го донесе татко му, во куќата завладеа силна радост, како мртовец да оживеал.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Плачеше кутрото суштество, немоќно да прозбори, дотолку оштетено од самосожалувањата на Еразмо, што за момент во него се измешаа загубената надеж од долгогодишното чекање, со силната радост, што конечно е откриено, така што, резултат од судирот на тие две силни појави се случи плачот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога минувавме, запревме пред нашата куќа, крај реката, и од силна радост, за да нѐ слушнат сите, ја запеавме песната што тогаш најмногу ја слушавме, а чија порака не ја знаевме и не можевме тогаш, а и подоцна да ја разбереме: „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!“
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)