силен (прид.) - притисок (имн.)

Под силниот притисок на историјата што ја живееше, тој ја губеше надежта дека, еден ден, ќе го види крајот на проектот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Меѓу своите пријатели имаше и сефарди од кои за прв пат го слушна јудеошпанскиот, кој по големиот расцут во Османската Империја беше во залез, во времето на револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк, кога беше силен притисокот на турскиот монолингвизам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Била силна тенденцијата граѓанинот да зборува турски (Vatanda oturk konu o)!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На 13 април било заземено Кичево како последен град во Македонија кој паднал под германска окупација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под силниот притисок на германските војски на 8 април било заземено Тетово, Гостивар (9 април), а на 10 и 11 април и градовите: Ресен, Охрид, Струга и Дебар.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Хамид II.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Под силен притисок на востаниците султанот Абдул Хамид II бил принуден да го врати уставот од 1876 Обидот на султанот да ја врати претходната состојба било причина востаниците да преземат енергични акции и да го симнат од престолот А.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
И покрај големата дипломатска активност од страна на Велика Британија да се убеди Југословенската влада на Кралството Југославија да не пристапи кон Тројниот пакт, германските "убедувања" биле поцврсти и поприфатливи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во разговорите што ги водел со највисоките југословенски политички личности и со намесникот, кнезот Павле Караѓорѓевиќ, Донован бил многу јасен кога истакнал дека Кралството Југославија не ќе може да се надева и да смета на помошта на западните држави ако пристапи кон Тројниот пакт и во таков случај нема да го преживее крајот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По пристапувањето на Романија и Бугарија кон Тројниот пакт во почетокот на 1941 година, било сосема очигледно дека балканските држави ќе бидат изложени на силен притисок од страна на нацистичка Германија за пристапување на Кралството Југославија кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)