силен (прид.) - поддршка (имн.)

Но, добив и изрази на силна поддршка – кои сакам да ги истакнам тука, и тоа со длабока благодарност – од Фондацијата триаголник, која е организација за човекови права и за застапување на ЛГБТ што дејствува на ниво на целата држава Мичиген и од нејзиниот директор, Џефри Монтгомери; од студенти, од колеги и од вработени во управата; од многумина дотогаш непознати добронамерници, и геј и стрејт, од Универзитетот на Мичиген, од градот Ен Арбор, од државата Мичиген и од целиот свет. ‌Во меѓувреме, контактните емисии на радио, националниот и меѓународниот печат ги заплисна порој од џагор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што се однесува до Соединетите Држави, таа стратегија нужно би барала во блиска иднина да се вложат значителни средства во кривичното гонење. Таа меѓутоа, би можела да се распореди порационално така што поголемиот дел би се насочил кон локална примена на законот, за одделни градски населби да можат да одолеат на поплавата од трговци, наместо поскапата алтернатива како што е апсење на корисниците; со тоа што на користењето на јаките дроги би се реагирало повеќе вон системот на кривичниот закон; и со тоа што сегашните вчудоневидувачки и контрапродуктивни казни за кривични дела во врска со дрогата би се намалиле на ниво на казнување што се применува во попрогресивните земји.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Затоа го поставува и прашањето “дали би се сметало непромислено на партизаните да им се даде (чија цел е независна Македонија) силна поддршка во областа меѓу патот Лерин-Желево“, според неговите опсервации “поради страв од политички проблеми меѓу нив и грчката држава о војната.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Наспроти легализацијата, ваквиот пристап кон проблемот на наркоманијата би можел да се здобие со силна поддршка во јавноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)