силен (прид.) - налет (имн.)

И токму затоа, луѓето, индивидуално и колективно, не успеваат да ги смират и да ги урамнотежат силните налети на историјата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И еве, мој пријателе, ние стануваме спасителите на тоа што можело да се спаси од исламско-османските вредности во доменот на лексиката на балканските јазици!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, со текот на времето милетите ќе станат зародиш на новите држави нации, кои ќе го означат почетокот на крајот на Османската Империја и во силен налет во текот на XX век ќе ги уништат сите претпоставки за враќање кон старите вредности на можната христијанско- исламска синтеза.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го чувствуваше ударот на сообраќајот, постојаното движење, силниот налет на жешкиот ветер што следуваше кога колите бучно минуваа покрај него.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Климакс Некаде прочитав дека само невоспитани деца поминуваат низ тежок пубертет. A прости, необразовани жени тешко поминуваат во климакс. Aма и за споменатите, и за другите, сепак, тој има заеднички симптоми: - силни врелини кои ве обземаат одеднаш само во одреден дел на телото,како да го печете во рерна или го дувате со врел фен, - капки пот што по линијата на веѓата се спуштаат по рабовите на лицето и буквално капат додека стоите во автобус полн со луѓе закопчани до грло во топла зимска јакна, - отсуство на желба да бидеш интимен со некого, па дури и со љубовникот,а за со мажот ич да не зборуваме, - силни налети на нервоза, во која трчаш низ куќа и бараш некого буквално да го изедеш, - чувство дека си болна од сите болести што ги прележале твоите пријателки и дека ги имаш истите симптоми на сите епидемии, птичји, свински, грипови, грутка во грло, јазол во желудник, срцебиење, камен во бубрези, тиња во жолчка, - потреба од „шопингување“ на енциклопедии за здравје, здрава храна, вежбање пилатес дома и во друштво, - отсуство на секаква желба да одиш по гости, а уште помалку некој да ти дојде, - убеденост дека си најпаметна, - ама и потреба да се биде зајадлива, џангризава, самобендисана, лоша, злобна и одмаздољубива За среќа, ова трае само десетина години и, кога ќе помине, сè се враќа во нормала, освен некои небитни промени: мажот си заминал, а не си ни забележала, децата не заминале, останале, ама ти се лути до смрт, а ти повторно со истата сила и енергија како од младоста, се трудиш да им угодиш во сè, ама нема „feedback“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Започнав да пишувам затоа што верував во бесмртноста на татковата библиотека, во неговата пресметка со силните налети на балканската историја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Остана само кажувањето дека тука тие силно го држеа клучот, но на друго место пред силниот налет на владината војска и клучевите и силните порти се скршија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Студенилото на човековата душа се топи пред силата на љубовта, како што се топи свеќата пред силниот налет на огнот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како што восочната свеќа се топи пред силниот налет на оганот, така студенилото на човековата душа го топи топлината на љубовта која доаѓа од длабочината на душата – не престануваше старецот. – Манастирон на планината?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Чувствуваше како балонот пијано се занесува под силните налети на воздушните струења.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)