силен (прид.) - интуиција (имн.)

Мајка бараше начини, водена од силната интуиција, да насети во која насока патуваат Татковите мисли.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко сакаше на својот нов пријател да му ги соопшти резултатите од потрагите во потсвеста, зајакнати од силната интуиција: посебно за паралелите што ги откриваше помеѓу движењата на империите на Балканот и циклусите на миграциите на птиците и рибите, и посебно на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така беше и во војната. Силната интуиција дека е на вистинската страна, никогаш не го изневери.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имаа развиена силна интуиција за нештата, ги насетуваа работите пред да се случат, умееја да го читаат писмото на небото: дали се тоа облаци, ѕвездди, обликот на месечината, сончевите трансформации- при изгревот и при заоѓањето!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко убаво слушна дел од одговорот а, со својата силна интуиција, го претпостави целиот шепот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)