силен (прид.) - зрак (имн.)

Откако ќе го истопли лицето и ќе ја испушти лулата, се подзавртува со грб кон силните зраци, зашто од нив му се мешаат боите на конците, и замижан извесно време додека ги распознае убаво боите, продолжува да везе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му се стопи каменот во градите, се стопи како капка пролетна роса при допир со силниот зрак, едно топло пламенче како златен пајак му лазеше по измаченото и несреќно лице.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)