силен (прид.) - звук (имн.)

Но одеднаш музика, силни звуци на музика.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се слушна и првиот силен звук на топ, а и неговиот правец можеше да се определи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите — му се испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од денешниот неуспех.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со силни звуци на труби, на фанфари и на што ли уште не, започна претставата, која траеше речиси над два часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еразмо брзо мислеше, но побрзо од неговата мисла проработе инстинктот, тој испушти силен звук со свиреж на устата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пред очите му излегуваше таа сцена што ја виде, а во ушите продолжи да му оѕвонува нивното кикотење измешано со силните звуци на аријата што идеше од радиото и заради која тие не го чуја кога влезе во претсобјето наоѓајќи ја вратата отклучена, која таа од силна возбуда, заборавила да ја заклучи, како што тоа и со него, понекогаш од силна возбуда, заборваше да ја заклучи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)