силен (прид.) - грч (имн.)

Во тој момент ме фатија силни грчеви и за момент околу мене се создаде тунел, многу тесен и низок, тврд и необично ладен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Другиот ден рекоа дека по изведбата на обредот на Луција ѝ се слошило, дека паднала во силни грчеви и дека едвај ја спасиле да не си го одгризе јазикот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А кога некогаш ќе го откриеше кучето по миризбата што го носеа со себе, тогаш тој се преправаше дека заспал или дека го фатиле силни грчеви во стомакот или го исчашил глуждот од ногата и не можел да оди.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)