сигурен (прид.) - кога (прил.)

Што се однесува до убиството од омраза, што веќе го спомнав, ќе ја прочитам само одломката во која тоа дословно е наведено: Што се однесува до Мирко Бундев навистина не сум сигурен кога точно го замрзив и која беше причината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само не беше сигурен кога тоа ќе се случи, но му беше јасно дека партијата го има утврдено денот „Д” за конечно обвинување и ликвидирање на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Седнат малку зад неа вкосо, Лена не била сигурна кога тој гледал во екранот, а кога не гледал.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)