сигурен (прид.) - место (имн.)

СИВИЌ: Оригиналот е на сигурно место. Ако за пет минути не излезете од куќата почнуваме со рушење. Тогаш ќе морате. (Излегува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Скорнете ги другите и поставете се на сигурни места, веќе ја заборавил девојката Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со поглед го барала својот врсник Лозан Перуника - тие веќе не биле пред неа, испариле под насилие на секојдневните промени во тој блед и магловиден заод со сенки слични на разводенета 'рѓа меѓу реткото зеленило на сувата плазика, непривлечна земја ни за орачи ни за грабачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Столот, каде што сакаше да ја спушти, изгледа не му се виде доволно сигурно место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еден дел од ископаната земја се расфрлала и газела во визбата, а друг во ќесиња бил изнесуван надвор од берберницата и фрлан во морето или на други сигурни места.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)