сигурен (прид.) - кој (зам.)

Но штетникот, ракунот или лисицата, Милан сѐ уште не беше сигурен кој - не би можел да се вовлече поради жицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не беше сигурен дури ни во сопственото постоење сите овие години, не беше сигурен кој е, не беше сигурен каде припаѓа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не припаѓаше повеќе долу во градот кај што преку ноќ почна да се плаши од своите пријатели-Македонци, да ги презира и да ги избегнува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Ја имам запикасано и сликата по борбата зад Сина Скала иако не сум сигурен кој дел од единицата преноќил кај неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боге вели дека по негово мислење еден ден сонцето може да се излее.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не бев сигурен кој од нас двајцата во очите на другион изгледаше понесреќен и предвреме поарчен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислев, паметиш, дека по наредба на Ѓурчин мојата група замина кон рударската населба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само јас не сум сигурен кој мој дел остана горе и уште разговара со тебе, а кој е овде, со Даскалов и Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како кога случајно немаше да забележам дека кројачката Бота ѝ го сошила здолништето за кое со денови раскажуваше толку многу.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен која беше причината, но таа беше многу несреќна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вистински почувствував дека сум го сторил она што не требало, а не бев сигурен која е причината и какви можат да бидат последиците.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)