сив (прид.) - сакма (имн.)

Во честарот, спружен на својата сива сакма, потпрен на десната рака, со кусата манлихера во левата, лежеше навален возрасен човек, на триесет до триесет и пет години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Широкото чело, наборите на неге, испупчените јагодици, длабоко пропаднатите очи, големите веѓи и големиот шапкаст нос, навистина заслужуваа да му се даде епитетот „дедот Петре", како што го викаа селаните од сите околни села каде дејствуваше овој премлад старец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)