сив (прид.) - наметка (имн.)

Најпрвин, кога наближив, почна да си ги трие очите како да настојува да ги ослободи од некоја згусната темнина, или од привидение а потоа сосема неочекувано се нагрна со старата сива наметка на рамнодушност, дури и на отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го имате веројатно почувствувано тој вид затскриеност: како кога се преправате дека не ја забележувате бубачката што ви лази по најчувствителното место на лицето само за да им го наметнете на присутните впечатокот за својата отсутност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)