сериозен (прид.) - тон (имн.)

Ти си непоправлив хедонист! Татко ништо не рече, само благо се насмевна.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се насмеа, но потоа, прифати со сериозен тон: Смеата настрана, но нема збор што би можел, подобро од оваа поговорка да го долови не само албанскиот туку и целиот балкански инает, создаван и пластен во времето на османското владеење во нашите земји!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Абре, да му се сневиди на овој животот“, нешто подоцна рече чичко Никола, расмеано, како веќе да не беше со намера на разговорот, на својата прикаска, да ѝ даде сериозен тон.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски иронично се насмевна на оваа шега, но Татко продолжи со сериозен тон: Јазикот ја има главната функција во зборообразувањето, но и во утврдувањето на вкусовите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)