сериозен (прид.) - тема (имн.)

(...) Да не мислиш на смртно сериозните теми (од психоанализа, дискриминација до екологија) третирани на лежерен, шегобиен, дури и навидум „несериозен“ начин?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие секогаш во комуникацијата беа на вие и тој начин на посебна взаемност им овозможуваше да отворат сериозни теми и секоја со докажливи аргументи да ги брани своите ставови.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но, кога ќе почувствуваше дека вака сериозна тема може да му натежне, да му го расипе денот, Ласте Думбаровски со мислите ќе се сконцентрираше само на трнот, како магарешки, и на магарето, како такво, ќе ги релативизираше нештата, ќе се опуштеше, ќе ја пикнеше муцката во кожната јакна, ќе се изнакикотеше, и слатко ќе задремеше во фотелјата сместена во малата канцеларија, веднаш до просторијата за прием на стока.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)