септички (прид.) - јама (имн.)

МУЗУР - судски прислужник, курир МУКАЕТ - заинтересиран, внимателен, со обзири МУНАСИП - умесно, згодно, поволно; сходно МУУР - печат НАСИЕТ - поука, совет НЕЛЕР - (Нелер ферман сум видел) - Какви (секакви) фермани сум видел, ама баш ваков не сум видел.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Или со смрдеата од некое соседно буниште со ѓубре што прегорува или од некоја септичка јама што ја отвориле заради чистење.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ЃЕРИЗ - септичка јама; одводен канал за нужник, бања и сл.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Надвор здодевно ромори дождец, теренот станува лизгав, постои и реална опасност да се излеат септичките јами, постојат и други опасности, колку да сакаш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
„Невесто, потивко пуштај ја чешмата дека со септичка јама сме, бргу се полни, а камионот (гомнарка) не може да се симне до кај нас, ах, мака мачиме со водата, а и ти при толкаво езеро, в купатило се капиш!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ЈЕМИШ - овошје, овошни плодови
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Творам септички јами во сопствениот разум.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)