семеен (прид.) - лом (имн.)

Веднаш се селиме во светот на Библијата, приказната за Јосиф и браќата или приказната за непрокопсаниот син.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Приказна за татко што го исфрла сина си на улица или се откажува од него или за татко што сплеткари против сина си или му ја планира смртта; настан во кој син го удира татка си; приказна за син што се обидува да го убие татка си: самото спомнување на вакви сценарија е доволно да потсети на познатите сижеа од европската книжевност и култура – а да не зборуваме за фројдовската психоанализа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нѐ потсетува на епската поколениска кавга меѓу Ахил и Агамемнон во Хомеровата Илијада или на театарот на династиски/семеен лом што досегнува дури до Цар Едип од Софокле до драмите на Јуџин О’Нил и Артур Милер.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)