секојдневен (прид.) - задача (имн.)

Милан се сети дека на Кети ѝ вети дека ќе ги полее краставиците и пиперот, секојдневна задача која Кети повеќе сакаше лично да ја заврши, но сега таа беше кај Зоја за да ги чува внуците.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги виде археологот, инженерот и Денко како се упатуваат кон Селиште, на својата секојдневна задача.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И тоа го сметавме за секојдневна задача, иста како онаа таму, на фронтот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)