сегашен (прид.) - време (имн.)

Беа барани сите глаголи кои асоцираат на акција, во сите можни граматички времиња, со исклучок на глаголот "сум"кој, особено во сегашно време, носеше аура на некаква пасивна, потополно неинтересна, дури и мачна состојба, во секој случај онаква од каква што всушност секој од нив сакаше да излезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Татко задоцнето ги прокоментира последните зборови на Камилски: Тие зборови, мој Камилски, се врзани за нашето минато, а понекогаш само еден збор може да послужи како паметник, мост помеѓу изминатите и сегашните времиња, како незаменлив историски документ и траен извор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Слој врз слој боите на варта. Од подамнешни и од сегашни времиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ако образувањето на јужнословенските народности е механичко-политички процес, тогаш истиот не е нешто невозможно и во сегашно време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Силата која вреди повеќе од правото е само предвесник на масовните убиства во времињата на војни, и во минатите и во сегашните времиња.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Додека ги разгледуваше Татковите книги според наложениот распоред, Климент Камилски си замислуваше како тие си ги шепотат своите значења една на друга, воспоставувајќи мост помеѓу минатите и сегашните времиња, како облик на оживување во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)