северен (прид.) - ветриште (имн.)

А кога дојде пролетта, кога јужниот ветер со топли камшици им ги скрши крилјата на северните ветришта, Синото јоргованче се разбуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но уште во истата ноќ долетаа студени северни ветришта и ги потиснаа кон југ послабите и изморени јужни ветрови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но уште во истата ноќ долетаа студени северни ветришта и ги потиснаа кон југ послабите и изморени јужни ветрови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На тој сув бесценет остров - карпа што безмилосно ја бијат морските бранови, го разјадуваат јужни и северни ветришта, не можеш да најдеш никаква убавина, ниту едно делче што би дишело со, мир, ниту една зелена тревка што би го зарадувала окото...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Поради тоа и поради што е отворена спрема север, најзините жители имаат лажен впечаток дека кај нив порано изгрева и подоцна зајдува сонцето, но и дека поради студените северни ветришта, е многу, многу постудено од, на пример, во Тополчани и Тројкристи, кои лежат на надворешните, јужните, односно југозападните падини на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа, навистина, поради шумата, поради доловите и усоите, снегот во Потковицата подолго се задржува, и многу подоцна зајужува, но тоа само пролетта ја прави подолга, поубава и поцветна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)