северен (прид.) - ветер (имн.)

Преку мостовите на Рајна можеше да се оди пеш, без опасност лицето да замрзне од студениот северен ветер.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа беше една мала валтичка, заштитена од северните ветрови, а сета свртена, подадена кон југ, кон сонцето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа утро над колибата дуваше студен северен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Северниот ветер што дуваше од утрото, ги беше скршил некаде своите крилја, па сега изгледа над планината струеше топол јужен ветер.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И наеднаш белата мека небеска шир ќе ја собереше како во еден здив и ќе ја наредеше на еден единствен стог на хоризонтот, оној северен ветер, а од средината на високото, крвјосано небо ќе зинеше со сета острина на своето срчено око северната ведрина- цибрината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таквите пресврти Змејко за малку што не врескаше од својот прозорец, знаејќи за она кремено скаменување на снегот, што можеше да го донесе тој северен ветер.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Северниот ветер сега имаше голем помошник во ноќта и во нејзиното заладување; седеше тој сега раскочоперен на заблескотените сртови во далечината, самоуверен и остер во синикавите, разискрени ѕвезди по високата цибрина, но јасно беше дека тоа е само еден привид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На прозорецот удираше студениот северен ветер, а над Јонија лееше еден од тешките зимски дождови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Барајќи решение, владиката размислуваше за успешната битка што по сличен повод веќе ја водеше неговиот духовен предводник, атинскиот архиепископ Дамаскин при кого Хрисостом ги помина тешките месеци на својата интернација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)