свршен (прид.) - чин (имн.)

Настанатиот пресврт во Бугарија и промената на владата ги стави командантите на Петтата бугарска армија пред свршен чин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- А големите сили... - рече учителот. - Па и тие треба еднаш да се стават пред свршен чин...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да им каже дека неговата женидба е свршен чин.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакал да ги стави пред свршен чин.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Или подобро е да си замине и да го стави пред свршен чин...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А вујко ми ќе се најде пред свршен чин и ќе си стави едно локумче в уста. (Николаќи пее под прозорецот).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Како резултат на тоа „Рускиот план од 1878 година за ‘Голема Бугарија’ со излез на Егејското Море довел до тоа Велика Британија и Австрија заедно да го доведат руското проширено влијание во југоисточна Европа пред свршен чин“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А самите настани што потоа следувале, как што се анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и Балканските војни од 1912/13 година, биле потези во таква игра во која Русија и Централните сили ја примениле политиката на одмерување сили на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Знам дека ве ставаме пред свршен чин, но само извршувам наредба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Всушност, Миха веќе беќе решил, само го одолжуваше одговорот не толку за да го изненади стариот колку да го стави пред свршен чин, кога не ќе може ни да го премисли ни да го расколеба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Работите како да се обликуваа во свршен чин што не ќе може да се избегне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Црните луѓе, судејќи по сè, во секој случај постигнуваат некаква непобитност, дејствуваат по систем на ставање пред свршен чин.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа ја има незгодната страна да ни намигне или да ни се искриви, дури по свршениот чин и... кога сѐ е веќе доцна.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)