својствен (прид.) - начин (имн.)

Во секој случај, тоа била приказна која ги оправдувала неговите утописки општествени цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Клевската изложба на студот“ од 1945.година го призна студенилото при враќањето на мртвиот дом и на мртвото општество, но „Клевската топла изложба“ од 1946 г. означи дека Бојс научил како со помош на уметноста да се стопли за живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој слушнат турски збор од кулата му ја буричкаше бујната природа и можеше уште истиот момент да се најде на кулата и да се расправа со агите и нивните ортаци: Сивевци, Тошевци, Данабашовци, на нему својствениот начин.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Офтика на темата ѝ приоѓа на својствен начин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Изненадување изведено на само нејзе својствен начин.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Споменатите американски автори се служат со класичната психоаналитичка терминологија - его, супер-его и ид, за која сметам дека поставува непотребни препреки за разбирање на случајот; описот на пациентката изгледаше како токму нејзе својствен начин на гледање на себе, не како наметнат или сугериран.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мирјана Глигорова Секоја чест Рада за питорескниот израз и топлината со која ги редиш своите сликички од животот на само тебе својствен начин, го вовлекуваш читателот во приказната, да дише, да сочувствува со ликовите. Браво!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Како да го гледа во очи и на нејзе својствен начин му се потсмева.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За мене уметникот претставува човек со силна личност, кој на најдобар својствен начин ќе успее да им ја пренесе на другите својата креативна енергија.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оваа книга, меѓутоа, ја поддржува политиката на настраноста пред геј-политиката на еден многу својствен начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така ќе можевме да зборуваме за машкиот геј- субјективитет, да ја испитуваме неговата особеност, а можеби дури и да ги дефинираме својствените начини на чувствување што ја сочинуваат, без да се грижиме дали поради нашите заклучоци геј- субјективитетот некому ќе му изгледа нормален или ненормален, здрав или болен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да биде геј- маж мора да научи да се поврзува со светот околу себе на одреден својствен начин.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како културна практика, машката хомосексуалност подразбира својствен начин на примање, претолкување и преупотреба на главнотековната култура, својствен начин на декодирање и рекодирање на хетеросексуалните или на хетеронормативните значења што се веќе кодирани во таа култура, со што почнуваат да дејствуваат како носители на геј- или на очудено значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
3 Милан Ѓурчинов ги открива кај Чинго белезите на начинот на раскажувањето во еден општ впечаток, кој е, сепак јасен и прецизен: „Од првите свои чекори, од првите прозни записи со кои стапи во нашата книжевност, младиот автор изградуваше некој чуден, само нему својствен начин на раскажувањето кој како да немаше многу заедничко со книжевниот професнонализам...“
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)